Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ако помеѓу братот и сестрата постои карање, па дури и задевање, тоа може да резултира со нарушено психичко здравје, а и развивање на депресија кога ќе пораснат.
Скоро 7000 деца на возраст од 12 години се испитани за тоа дали се карале со нивниот брат или сестра. Истите тие деца се испитани 6 години покасно, а резултатите се дека поголемиот дел од децата не биле задевани. Меѓутоа 6.4% пателе од депресија, 9,3% од анксиозност, а 7.6% се обиделе да го повредат својот брат или сестра.
Ова е една од првите студии кои покажува дека братските односи и малтретирањето можат да влијаат врз здравјето на почетокот на адолесценцијата, па дури и подоцна во животот. Докажано е дека задевањето може да предизвика депресија, а со тоа да си наштетите во животот.
Девојките се почесто жртви на насилство и злоупотреба, а постарите браќа и сестри се најдоговорни. Според истражувањето, малтретирањето започнува на возраст од осум години.
Главниот автор на студијата, доктор Луси Боус, вели дека жртвата треба да разговара со родителите, а со тоа сигурно ќе се спречи малтретирањето.
Важно е да се воочи проблемот пред да ескалира, велат експертите.