Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус во последното коло од Серија А играше со комбиниран состав и успеа да победи на гостувањето во Болоња и тоа со голот на младиот напаѓач Мојс Кин.
Суперталентираното момче пред неколку месеци стана првиот фудбалер роден во новиот век кој дебитирал во Серија А, а синоќа му донесе победа на големиот Јувентус.
17-годишниот Кин влезе во игра како резерва и ја донесе победата на „бјанконерите“ со гол во 94-та минута. Пред тоа Тајдер ја донесе Болоња во водство во 52-та минута, а Паоло Дибала израмни во 70-та.
Интересно, Мојс Кин стана првиот фудбалер роден после 2000 година кој постигнал гол во некој од 5-те најсилни шампионати во Европа.