Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Момче од Тетово вчеравечер околу 20 часот било нападнато од двајца малолетници кои го повредиле со нож.
Во СВР Тетово, И.Џ. вчера околу 22:45 часот пријавил дека истиот ден по кратка расправија, физички бил нападнат од две 14-годишни деца. Тие со нож му нанеле видливи повреди во пределот на десната страна од главата и во левата рака, соопштија од МВР.
На И.Џ. веднаш му била укажана лекарска помош во Клиничка болница, Тетово, а потоа е пуштен на домашно лекување.
Во СВР Тетово биле повикани родителите на децата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.