Малолетничка принудувана на секс за пари – две лица во притвор поради трговија со дете


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б. Б. (23) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 1 од КЗ на РМ и С. Р. (20) од Скопје, за сторено кривично дело „трговија со дете“ од член 418-г став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.

-По добиена пријава од социјалните служби дека 17-годишната малолетничка била подведувана, МВР презеде соодветни мерки и активности и утврдено е дека првопријавениот ја подведувал на вршење полови дејствија и давање на сексуални услуги на други лица, за што од нив земал за себе одреден паричен надомест. Во наоѓање лица за давање на сексуални услуги, освен Б.Б. учестувала и С.Р.. По преземени мерки и активности, Б.Б. и С.Р. се приведени во полициска станица. Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Б.Б. и С.Р, информираат од МВР.

По добиената информација, Министерството за труд и социјална политика веднаш, во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за заштита и психо социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе. На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција.