Мало освежување денес


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, 6. август, ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 33 степени. Маврово 26, Охрид 29, Битола 33, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 36, Дојран 37.

За утре прогнозата е сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и температури од 28 до 37 степени.