Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со вкупен резултат 4:2 од двомечот во квалификациите за ЛШ, Вардар попладнево во Струмица обезбеди пласман во третото коло каде за протвник ќе го има Копенхаген, пренесува Спортски.мк.
Во 15. минута од мечот, по грешката на Грнчаров за пенал, Росенберг го отвори резултатот во корист на гостите.
Но, дека судиските грешки беа оправдано исвиркувани од фановите, докажаа и двата потега во првиот дел на штета на Вардар, во кои најпрво беше направен прекршок за Балотели кој според правилата е директен црвен картон, а не жолт како што одлучија овдешните судии. Крајот го одбележи и недосудениот пенал за Вардар по игра со рака на противничкиот играч во шеснаесетникот.
Во второто полувреме Вардар максимално се врати, па првиот погодок беше дело на Грнчаров во 56. минута на асистенција на Фелипе. По пет минути, беше досуден и пенал за македонскиот шампион, кој неуспешно го изведе Фелипе, но затоа пак, Барсегјан среќно стигна до топката и беше прецизен за 2:1. Точка на мечот стави Николов кој беше прецизен за 3:1 во судиското продолжение.
По големиот триумф на Вардар, следна мета е Копенхаген кој е противник на македонскиот првак во третото квалификациско коло за пласман во ЛШ.