Малку посончев вторник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И утринава меѓу постудените места е скопскиот крај, каде температурата е со вредност околу -3°С, во услови на сосема слаба магла. Позитивна температура утринава во 4 часот УХМР измери во поголем дел од местата во јужната половина од земјата, каде преовладува умерено облачно време.

Денеска пооблачно ќе биде во јужните делови од земјата, додека претежно сончево со мала облачност ќе биде во котлините од северниот регион.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 5°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југ, вклучително и охрдско-преспанскиот, како и пелагонискиот регион околу 9°С.

Слично време ќе се задржи и во наредните денови. Најсвежо ќе биде во четврток, со слична температура на денешната, а тенденција на пораст на дневната температура, а пад на минималната температура ќе има во петок.