Малку јадите и пак се дебелеете – еве ги „виновниците“ за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хемикалиите кои се наоѓаат во амбалажите за брза храна и широката палета на други потрошувачки производи можат да предизвикаат дебелеење со тоа што го забавуваат метаболизмот – особено кај жените, покажува новото научно истражување.

Перфлуороалкилните состојки (PFAS) се користат за изработка на амбалажи за храна како што се опаковки за леб, пченка за пуканки во микробранова и хартиени плочки отпорни на масло или вода. Меѓутоа, хемикалиите од овие производи можат да продрат во храната и со тоа да стигнат во крвотокот. Истото важи и за оние кои се користат при изработка на облека – и тие можат да продрат во организмот преку кожата.

Студијата која ја направи Харвардската школа за јавно здравство, а која следеше 621 испитаник во текот на две години, откри јасна врска помеѓу високото ниво на PFAS во крвта и послаба работа на метаболизмот, поради што потешко се одржува нормалното ниво на килажата после слабеењето.

Јасна врска меѓу хемикалиите и дебелеењето

Главниот истражувач, Ки Сун, предупредува дека веројатно секоја личност во САД има прекумерно ниво на PFAS во крвта. Тие состојки доаѓаат од серија производи – од не’рѓосувачки садови, преку теписите кои се третирани да не задржуваат прашина, до водоотпорната облека против дожд.

„Тоа може да  биде доста корисно, бидејќи ги потиснува и водата и маслото“, вели Сун, асистент професор на Одделот за исхрана на Харвард. Уште еден откриен извор на PFAS е водата за пиење во близина на индустриска локација.

„Оваа студија е прва која директно гледаше како PFAS влијае на регулацијата во телото од човекот“, вели Сун. „Откривме јасна врска помеѓу изложувањето на хемикалии на организмот и побавниот метаболизам“. Лицата со побавен метаболизам или со помала метаболичка зачестеност согоруваат помалку калории во текот на нормалните дневни активности и можеби ќе мора да јадат помалку за да не се дебелеат.

„Сега, за прв пат, можеме да кажеме дека сме на трага на лек против дебелеење“, истакнува Сун.

Жените поподложни на влијанието на хемикалиите

Истражувачите ги следеа волонтерите во рамки на ова истражување во период од две години. Оние кои во тој период најмногу се здебелија, истовремено имаа и највисоко ниво на PFAS во крвта, а врската била поголема кај жените.

PFAS обично се смета за еден од причинителите на канцерогени заболувања, дисбаланс на хормоните, слаб имунитет, висок холестерол и здебеленост. Најновите сознанија сугерираат дека избегнувањето на такви производи може успешно да резултира со регулирање на телесната тежина, особено кај жените.