Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓу новите регулативи кои ги воведе тајландскиот авионски превозник Таи Ервејс е и оној кој забранува секој човек чиј обем на струк е поголем од 142 сантиметри да седи во бизнис класата на патнички авион.
Сето тоа е поради новите безбедносни појаси и воздушни перничиња, па неопходно е да се исполнат стриктните барања со цел патниците да имаат поголеми шанси да преживеат во случај на ненадејно понирање.
Така, патниците чии обем на струк е над 142 сантиметра, не можат да го врзат појасот.
Вообичаено е покрупните патници да добијат продолжен појас, но воздушните перничиња мора да бидат центрирани преку струкот поради поголема безбедност и ефикасност.
„Воздушното перниче служи за заштита на главата, вратот и трупот на телото, но продолжен појас ќе значи помала заштита“, стои во соопштение на компанијата „Ем Сејф” од Аризона, која ги произведува перничињата.
Спорред новите правила, исто така, на родителите им е забрането да држат бебе во скутот.