Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со фотографиите кои ги објавија од нивниот заеднички семеен карантин заради коронавирусот, бившите сопружници Брус Вилис и Деми Мур ги освоија симпатиите на голем број нивни обожаватели и почитувачи, но и на пошироката јавност.
Брус Вилис и Деми Мур, иако одамна разведени, останаа во добри односи заедно со нивните деца, па во екот на пандемијата на коронавирусот „заглавија“ заедно во карантин со трите заеднички ќерки и нивните партнери. Но, сите се прашуваат што е со сегашната сопруга на Брус, Ема Хеминг и нивните заеднички ќерки, Евелин и Мабел.
View this post on Instagram
28-годишната ќерка на Деми и Брус, Скаут зборуваше на тоа на подкастот на Допи. Таа рече дека всушност сите требало да бидат заедно во карантин.
„Мојата маќеа требаше да дојде кај нас со моите две малечки сестри, но постарата, која наскоро ќе наполни шест години, не знаела дека не треба да ги допира фрлените игли. Таа пронашла игла во паркот и се обидела да ја згазне со патики, но си ја прободела ногата “, ја објасни Скаут драмата низ која минуваат, пренесува People.
View this post on Instagram
„Значи, мојата маќеа мораше да остане во Лос Анџелес и да ги чека лекарските наоди таму, а татко ми дојде тука. Во меѓувреме, дојде и лудата забрана за патување и маќеата остана во Лос Анџелес со моите мали сестри”, рече Скаут.
Таа му раскажа на водителот Дејв дека е забавно да се биде со разведени родители во куќата каде што израснале заедно.
„Многу е смешно да се биде со двајцата родители во куќата каде нè израснаа. И двајцата се нервозни, симпатични родители од 90-тите години во мал град каде што решиле да ги одгледуваат своите деца за да не бидат во Лос Анџелес. Тоа е многу симпатично”, го опиша Скаут секојдневниот живот.
Таа додаде дека е неверојатно што им е укажана можноста уште еднаш да поминат толку многу време со нив.
Брус и Деми се разведоа во 2000 година, но останаа на пријателски односи.