„Малиот“ од Хју Хефнер го батали „Плејбој“ – замина во воена авијација


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синот на Хју Хефнер, починатиот могул од светот на шоубизнисот и основач на култното списание „Плејбој“, Купер Хефнер, дефинитивно објави дека се откажува од „Плејбој“ и дека се фокусира на неговата пилотска служба во американската воена авијација, каде веќе положи заклетва и отпатува на обука во една од многубројните прекуокеански американски бази.

28-годишниот Купер, неочекувано дал отказ и им се приклучил на американските воздухопловни сили.

Купер, кој е едно од четирите деца на славниот Хју Хефнер, низ чиј кревет минале неколку илјади зајачици, веќе отпатувал на обука во една од прекуокеанските американски бази.

Неговата втора сопруга, Скарлет Берн, која се прославила со улогата на магионичарката во серијалот за Хари Потер, на социјалните мрежи објавила фотографија од својот сакан како положува заклетва пред стапувањето во армијата. Интересно е дека своевремено и Скарлет Бирн се фотографирала разголена за Плејбој.

Купер потврдил дека на бордот на директори на “Hefner Media Corporations” му ја соопштил одлуката дека се повлекува.

„Сакам да ве известам дека се повлекувам од компанијата и сакам да се фокусирам на започнување на нова кампања, чија цел ќе биде давање на услуга на заедницата и државата. Ја напуштам Америка и одам на основна обука во воздухопловните сили. Пред мене е нов пат”, навел Купер Хефнер.

Потсетуваме, Хју го добил Купер со втората сопруга Кимберли Конард. Родениот брат на Купер, Матрсон е писател. Откако и тој го напуштил Плејбој, повеќе никој од семејството Хефнер не учествува во правењето на славното списание. Купер почнал да работи за својот татко уште додека студирал.