Advertisements
Вебкафе

„Малиот Меси“ кој си направи дрес од ќеси мораше да бега со семејството од родниот дом

Муртеза Ахмади, кого светот го запозна како „Малиот Меси”, му беше гостин на фудбалскиот ас Лионел Меси откако неговата фотографија со дрес од аргентинскиот фудбалер кој детето си го направи од обични ќеси, сега со своето семејство се соочува со драматична и стресна ситуација.

Пред опасноста од напад на Талибанците малиот Муртеза со семејството го напушти домот во југоисточната покраина Газа. Неговото, заедно со другите семејства го напуштија местото Џагори , откако талибанските милитанти на почетокот на месецов го нападнаа целото подрачје. Семејството изнајми мало собиче без греење во Кабул.

Седумгодишното момче стана познато во целиот свет , кога сам си направил ,,дрес” од сино – бела кеса на која напишал Меси со бројот 10. Фотографијата го трогнала славниот фудбалер, кој во 2016 во Катар се сретна со малото момче и му подари вистински дрес.

Претходно Лионел Mеси на малиот фан му подари и топка преку УНИЦЕФ каде Меси е амбасадор на добра волја.

Кога се вратил во Авганистан од средбата со Меси во Kатар, малото момче морало да се крие , зашто неговото семејство добивало заканувачки пораки дека ќе биде киднапиран, доколку не им исплатат одредена сума пари.

Advertisements

Најпопуларно

To Top