Малиот белгиски вундеркинд кој решил да не направи бесмртни


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лорен Симонс вундеркинд кој доаѓа од белгискиот приморски град Остенд. Средно училиште заврши за една и пол година, а факултет за една година. Само што дипломираше физика на Универзитетот во Антверп, summa cum laude, на возраст од 11 години.

„Не ми е важно што сум најмлад. За мене најважно е да доаѓам до знаења,“ вели тој за еден холандски весник.

До дипломата за физика, која вообичаено се добива за три години, тој дошол за двојно пократко време. Особено е заинтересиран за класична механика и квантна физика.

„Ова е прво парче од мозаикот на мојата главна цел, постигнување бесмртност“ амбициозно вели малиот вундеркинг, надевајќи се дека физиката ќе го одведе кон неговата цел за замена на трошните човекови делови со механички замени.

Најмладо лице во светот кое доби универзитетска диплома беше Мајкл Керни кој во 1994 година дипломираше антропологија во Јужна Алабама, на 10 годишна возраст. Подоцна реши да го наплати интелектот преку квизови: на еден доби милион долари. на Милионер само 25.000 долари но на некои не успеваше да мине ни елиминации.