Home Наука и техонологија „Малиот Ајнштајн“ од Белгија магистрираше на 12 години – запишува докторат на „Макс Планк“ во Германија

„Малиот Ајнштајн“ од Белгија магистрираше на 12 години – запишува докторат на „Макс Планк“ во Германија

Малиот Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише на докторат во Германија. Има само 12 години.

Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторски студии за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија.

Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн“, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.

Момчето веќе соработува во научни експерименти и истражувања на Институтот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …