Спорт

Малер на годината, за пет сантиметри загуби 5.250 фунти

Голот на Тони Крос во судиското продолжение и ја израдува цела Германија, и за „малку“ можеше да му донесе голема добивка на еден Англичанец.

Имено, Англичанецот Ли Робинсон имаше фантастичен тикет Тој типуваше на победа на Мексико против Кореја од 2-1, Ромелу Лукаку да постигне два погодоци против Тунис и Тони Крос да постигне гол надвор од шеснаесетникот.

Кога во судиското продолжение Крос постигна гол Робинсон сигурно се израдува на добивка од 5.250 фунти, но подоцна свати дека од добивката нема ништо.

Крос не го изведува слободниот удар веднаш, туку Вернер му ја допира топката и ја доближува кон голот, па шутот е точно пет сантиметри внатре во шеснаесетникот.

Advertisements
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top