Малдини за проблемите после коронавирусот: Бев „мртов“ после 10 минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на Милан и спортски директор на овој клуб, Паоло Малдини, е еден од спортските работници кои беа заразени од коронавирусот. За среќа, успешно и без последици се излекува.

Малдини сега работи на себе и своето здравје за што подобро да се опорави, а во меѓувреме, заедно со Алесандро дел Пјеро, Франческо Тоти и Хавиер Занети снимија заедничко видео.

Четирите фудбалски аса и бивши капитени на најголемите италијански клубови Јувентус, Милан, Рома и Интер, имаа за што да дискутираат, па евоцираа спомени и се потсетија на старите натпревари.

Се осврнаа и на актуелната светска пандемија на коронавирусот, за што најповикан за разговор и споделување искуство беше токму Малдини. Тој на соговорниците им го опиша своето прво влегување во теретана после еден месец борба со КОВИД-19.

„Отидов во теретана прв пат после сето тоа и после десет минути вежбање бев ’мртов‘ и тоа не затоа што имам 52 години“, објасни Малдини за тоа како се чувствувал.