Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Директорите на Милан, Паоло Малдини и Ѕвонимир Бобан денес ќе пристигнат во Мадрид на средба со претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.
Милан и Реал Мадрид традиционално имаат одлични односи, па новото раководство доби покана од претседателот Перез на заедничка вечера во Мадрид.
Италијанските медуми откриваат дека на состанокот ќе се разговара за некои фудбалери на Реал Мадрид. „Кралевите“ прават голема реконструкција, па многу фудбалери ќе бидат продадени ова лето, а за некои од нив интерес покажува и Милан.
„Скај Италија“ и добро информираниот новинар Џанлука ди Марцио откриваат дека главна тема ќе биде играчот за врска Дани Себаљос, кој е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.
Покрај Себаљос, Милан во моментов покажува интерес уште за Маријано Дијаз, Маркос Љоренте и Матео Ковачиќ.
Во секој случај оваа средба е знак дека добрата соработка помеѓу двата европски гиганти продолжува, па останува да видиме дали ќе биде договорена некоја трансфер зделка.
#Milan, in agenda incontro con il #RealMadrid https://t.co/XIUpWVSCoR
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 19, 2019