Малата од Хурем е вистинска кукла на мама


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната турска актерка која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијалот за Сулејман Величествениот, Мерјем Узерли, секој слободен момент во животот го поминува со нејзината ќеркичка.

Мерјем досега ја криеше малата Лара од јавноста, а деновиве конечно откри како изгледа девојчето објавувајќи заеднички фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

Обожавателите на актерката велат дека малото девојче е копија на убавата „Хурем“.

Инаку, Марјем за време на бременоста помина низ вистинска драма. Таа избега од насилниот вереник Кан Атес кој во прво се откажа од ќерката, а потоа бараше старателство. Сепак, актерката се избори и денес е единствен законски старател на малата Лара.