„Мала земја, големи соништа“: Сефте селфи од израелското вселенско летало


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Израелското вселенско летало „Берешит“ кое е на пат кон нашиот единствен природен сателит, Месечината, ја испрати првата фотографија од вселената, со знамето од Израел на оддалеченост од 37.600 километри од Земјата.

На плочата поставена на леталото се гледа написот на кој пишува „Народот на Израел живее” и „Мала земја, големи соништа”. Во позадина се гледа јужната земјина хемисфера и Австралија.

Фотографијата е направена откако е направен маневар со кој се отстранети неправилности на компјутерот, забележани минатата недела.

Леталото е лансирано пред две недели од вселенскиот центар во Флорида на ракетата Фалкон 9 на компанијата СпејсИкс на Илон Маск.

Леталото е без екипаж, има големина како машина за перење, а ќе кружи околу земјата се додека не биде привлечено од Месечината. Слетувањето на Месечината е предвидено во април.