Мала армија дадилки ќе се грижат за бебето од Кајли Џенер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Старлетата Кајли Џенер не би била доследен член на кланот Кардашијан/Џенер ако не направеше ваков „буржоаски“ потег.

Славната Кајли вработи неколку дадилки и асистенти да и помогнат за грижата за ќерката Сторми, родена пред помалку од месец дена, како таа би можела истовремено да го гради својот бизнис.

Кајли додека беше бремена тврдеше дека не сака дадилки и дека ќе се потпира за помош само на своите сестри и мајка. На крајот сепак се предомисли и сфати дека не може се сама. Сепак изворот тврди дека одлично се снаоѓа во улогата на мајка и дека малата Сторми и е на прво место.

Минатата недела објави колекција на шминки под името Weather Collection, која е веќе на продажба, а инспирирана е од ќерка и. Особено е интересно дека нејзиното име правно го заштитила неколку месеци пред да се породи, како би можела да го користи во работни цели.

Веќе имаше почнато да работи на својата нова make up колекција кога дозна дека е бремена. Многу брзо го смисли името Сторми и на крај го вклопи во колекцијата – открива изворот.