Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го праша премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев дали има крај понижувањето кое го прави тој алудирајќи на најавите за укинување на фашистичките етикети за Бугарите од учебниците.
„Зоране, пријателе, зборуваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти. На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, напиша Димитриевски на фејсбук.
Инаку, тој беше беше исклучен од СДСМ откако одлучи да се кандидира за втор градоначалнички мандат како независен кандидат, без да ја дочека одлуката на матичната партија.