Максим Димитриевски се кандидираше за втор градоначалнички мандат како независен кандидат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, на претстојните локални избори ќе настапи како независен кандидат.

Димитриевски за „Фокус“ ја потврдил оваа информација, додавајќи дека во текот на денот ќе оддржи прес конференција на која ќе ги образложи причините за ваквата одлука.

Инаку, СДСМ се уште не промовирал кандидат за градоначалник на Куманово.