Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На прес-конференцијата која ја имаше за француското претседателство со ЕУ кое започнува во јануари 2022 година, францускиот претседател Емануел Макрон изјави: „Нашето најблиско соседство е регионот на Западен Балкан. Ќе организираме конференција за Западен Балкан во јуни. Западен Балкан е повеќе од сосед, тој е во срцето на Европа. Доволно е да се погледне на карта и во нашата заедничка историја. Денеска, овој регион поминува низ нови тензии. Историјата таму се враќа, често трагично“.
Денес, имаме посебна одговорност во однос на Западен Балкан, рече Макрон.
„Треба да водиме политика на повторно ангажирање, но и на инвестирање, со цел економска интеграција на овој регион, да ги развиваме контактите меѓу луѓето, да го отвориме прашањето за малцинствата кое е присутно во целиот регион, да се бориме против мешањето и против манипулациите кои се факт и кои доаѓаат од повеќе регионални сили кои настојуваат, преку Балканот, да ја дестабилизираат Европа.
Верувам дека овој политички и економски ангажман кон Западен Балкан е вистинско прашање од агендата на европскиот суверенитет, бидејќи не е можен мирот во Европа во наредните 50 години, доколку го оставиме Балканот во ситуацијата во која се наоѓа денес.
Значи, да ја разјасниме нивната европска перспектива, да се реинвестираме во овој регион и во неговото единство и да имаме вистинска зедничка амбиција за овој регион во децениите кои претстојат”, рече Макрон кој го издвои Западен Балкан како еден од приоритетите на претстојното француско претседателство со Советот на ЕУ. Тој предупреди дека и за 50 години нема да може да се зборува за „Европа на мирот“ доколку Западен Балкан се остави во ситуацијата во која се наоѓа сега.