Макрон: Верувам во силна Европа, не верувам дека Путин сака да го уништи Западот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека верува во Европа која е во состојба да го смени светот.

Тој пред денешниот самит на Европската унија во Брисел на кој учествува за прв пат откако ја презеде функцијата оцени дека Европа ќе ја добие битката пред екстремно десничарските струи и нееднаквоста. Дводневниот самит на ЕУ е посветен на мигрантската ситуација на Средоземно море, јакнењето на европската одбрана и трговските прашања.

Макрон рекол дека Путин е мотивиран да ја обнови силната руска колективна свест, за да го сочува единството на државата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во интервјуа со неколку европски весници оценил дека целта на претседателот на Русија не е да го уништи или ослаби Западот, туку настојува да ја обнови Голема Русија, бидејќи е убеден дека тоа е предуслов за опстанокот на неговиот народ и земја, а дека Западот можеби и треба да соработува со Русија во Сирија.

Целта на Путин е обновување на Голема Русија, бидејќи смета дека тоа е услов за опстанок на неговат земја. А дали тежнее кон тоа да не ослаби или да исчезнеме? Не верувам. Путин има свој начин на гледање на светот. Смета дека Сирија за него е темелно прашање од соседството. Што може да се направи? Да соработуваме заедно во Сирија за да го победиме тероризмот и да ја решиме кризата, рекол Макрон.

Макрон предупредил дека и самата Русија е жртва на тероризам и дека Путин е соочен со нереди на границите и агресивни верски движење кои ја загрозуваат земјата, а дека е мотивиран да ја обнови силната руска колективна свест, за да го сочува единството на државата.