Макрон се изнервира во Ерусалим: Се развика и бркаше израелски полицајци од црква (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Францускиот претседател Емануел Макрон денес, при посетата на црквата Света Ана во Ерусалим, тотално се изнервира и почна со викање да ги брка надвор израелските полицајци кои не сакаа да го пуштат во објектот, слично на инцидентот кој се случи во 1996 година при посетата на тогашниот преседател Жак Ширак.

„Не ми се допаѓа тоа што го правите пред мене“, викаше Макрон на израелскиот полицаец кој му се попречи на влезот во црквата, француска територија во ерусалимскиот Стар град.

„Излезете надвор ве молам, никој не би требало да провоцира никого, дали е тоа јасно?“, кажа Макрон на англиски јазик.

Тој и ги пофали полицајците за добро завршената работа за време на прошетката низ градоти кажа дека го цени тоа, но замоли „да се почитуваат правилата кои постојат со векови“.

„Тие нема да се изменат со мене, ви кажувам. Ова е Франција и секој ги знае правилата“, додаде тој, исто така на англиски.

Базиликата Света Ана ја изградиле крстоносците во 12 век и Отоманското царство ѝ ја понудило на Франција во 1856 година како една од четирите француски територии во Ерусалим.

Во истиот крај на источен Ерусалим се разгневи Ширак на израелските војници кои го опколија.

„Сакате да се вратам назад во авионот и да се вратам во Франција?“, праша тој тогаш пред да побара војниците да излезат од црквата.

Неколку часа пред пристигнувањето на Макрон се судрија членови на француската група одговорна за неговата безбедност и припадниците на израелските сили за безбедност кои сакале да влезат во храмот, соопштија новинарите.