Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот претседател Емануел Макрон одби руските воени акции во Украина да ги опише како „геноцид“ во телевизиското интервју за јавниот сервис Франс 2.
На прашањето дали тој како американскиот претседател Џо Бајден би го користел терминот „геноцид“ за убивањето Украинци од страна на руската војска, Макрон кажа: „Денес би бил внимателен со таквите термини бидејќи овие два народи (Русите и Украинците) се братски“.
Додаде дека сака да продолжи да се обидува да ја сопре војната и да го обнови мирот.
„Не сум сигурен дека ескалацијата на реториката служи на таа цел“, додаде Макрон.
„Она што со сигурност можеме да гои кажеме е дека ситуацијата е неприфатлива и дека станува збор за воени злосторства. Живееме низ воени злосторства кои се без преседан на нашето тло, на европско тло“, кажа тој.
Францускиот претседател, кој се бори за реизбор, укажа и на соработката на Франција со Украина во истрагата на наводните воени злосторства.
„Русија еднострано почна исклучително брутална војна, сега е утврдено дека руската војска извршила воени злосторства и сега мораме да ги најдеме оние кои се одговорни“, кажа Макрон.