Макрон: Многу меѓународни проблеми не можат да се решат без Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна важноста од дијалог со Русија за решавање на меѓународни проблеми за време на самитот на Г7 во Италија. Неговата изјава е дадена во пресрет на средбата со рускиот претседател Владимир Путин утре во Париз.

„Многу меѓународни проблеми не можат да се решат без Русија“ рече Макрон.

Тој рече дека ќе бара „задолжителен дијалог“ со Русија. Образложувајќи одредени прашања кои бараат руско учество, тој ја потенцира ситуацијата во Сирија и Украина – меѓу темите на кои ќе разговара на средбата со рускиот претседател Путин.

„Ќе дискутирам за ситуацијата во Сирија за време на состанокот во Версај“ рече Макрон, додавајќи дека кризата може да се реши преку сеопфатен политички пристап.Тој исто така нагласи „дека е неопходно да се оди напред со спроведување на договорот од Минск“, кој претставува патоказ за мир во источна Украина.

Санкциите против Русија воведени за време на кризата во Украина и наводната вмешаност на Москва, Макрон смета дека треба да останат на сила се додека не се реши ситуацијата.

Рускиот претседател Владими Путин утре во Париз ќе им прва средба со Макорн откако е избран за претседател на Франција. Тие ќе разговараат на гоме број теми, меѓу кои межународни прашања но и билатералните односи на двете земји.