Макрон има предлог за Путин


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин „начин за смирување на украинската криза“ за време на разговорите закажани за следните неколку дена, соопшти синоќа Елисејската палата.

„Загрижени сме и многу внимаваме да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, соопшти француското претседателство поради тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Елисејската палата додаде дека претставници на министерствата на Франција, Германија, Русија и Украина в среда во Париз ќе одржат состанок за Украина.

Од друга страна, Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Џозеф Бајден во текот на ноќта ќе има видеосредба со неколку лидери на Европската Унија за ситуацијата во Украина.