Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, им вети на Французите дека ќе направи сè што може да не ги разочара, бидејќи ја разбрал нивната порака за промена.
Свесен сум за вашиот гнев, за вашиот сомнеж, порача Макрон изјавувајќи дека разбира зошто голем број од граѓаните гласале за Марин Ле Пен. Тој порача исто така дека Франција ќе биде на првата линија во борбата против тероризмот, и дека ќе ја гарантира безбедноста и унитарноста на земјата.
Негова главна задача, рече Макрон, ќе биде да ги обнови и модернизира политичкиот живот и демократијата во земјата и да ја направи Франција повторно оптимистичка. Вие избравте да ми ја дадете вашата доверба и јас ја изразувам мојата длабока благодарност, рече новиот претседател во првото обраќање. Го чувствувам тоа како чест и одговорност.Многу ви благодарам од срце, нема да ве заборавам.Сакам вечерва да испратам поздрав до мојата противничка мадам Ле Пен. Знам дека поделбите во нашата земја доведоа до некои екстремни гласови. Моја одговорност е и вас да ве слушнам и да ги заштитам најранливите, изјави Макрон во обединувачкиот прв говор по изборите што ја поделија нацијата. Откако најави дека се отвора нова страница во долгата историја на Франција, тој нагласи дека посакува таа да биде страница на надеж и обновена доверба.
На Европа тој и вети дека ќе ги исполни сите меѓународни обврски што ги презела досега земјата и дека ќе работи на зајакнувањето на меѓусебните врски. Во текот на петте години од мандатот моја одговорност ќе биде да ги смирам стравувањата. Моја одговорност ќе биде да ги обединам сите кои сакаат да се соочат со огромните предизвици во иднина, рече Макрон, ветувајќи дека ќе се бори со сета сила против поделбите што ја поткопуваат земјата и дека ќе и служи со смиреност, посветеност и одлучност.Говорот тој го заврши со зборовите Да ја сакаме Франција, да живее Републиката. Макрон според последните резултати освои 65,8 отсто од гласовите, при што 4 милиони Французи не излегоа воопшто на гласање.