Home Актуелно Макрон до Лукашенко: „Седи си мирен, да не си имаш проблеми“

Макрон до Лукашенко: „Седи си мирен, да не си имаш проблеми“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во интервју за францускиот ТВ канал „Франс2″ изјави дека неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко, ќе се соочи со проблеми во сопствената земја доколку навлезе подлабоко во војната во Украина, на страната на Русија.

– Доколку претседателот Лукашенко одлучи повеќе да се вклучи во оваа војна, тоа ќе го направи спротивно на советите на голем дел од својот народ – рече Макрон за „Франс 2″.

На 24 февруари 2022 година, руските трупи ја нападнаа Украина, меѓу другото, од територијата на Белорусија, долгогодишен сојузник на Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…