Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, апелираше во негова изјава дека вакцините произведени од научниците во Русија и Кина се неопходни за светот да се бори против пандемијата на коронавирус.
„Треба да работиме со Кинезите и Русите, така што вакцините развиени од нивните научници се дел од големата глобална борба против пандемијата“, изјавил Макрон за „Журнал ди Диманш“.
Макрон посочи дека се потребни повеќе напори со цел земјите да го забрзаат процесот на вакцинирање на населението, имајќи предвид дека новите соеви на коронавирус се шират се побрзо.
Тој се осврна и на Ковакс системот, лансиран од Светската здравствена организација за да се осигура дека вакцините се достапни за посиромашните, не само за богатите земји и ја истакна потребата што е можно поскоро да се направат колективни глобални напори за да се добијат вакцини во тие земји.
Макрон борбата против коронавирусот и пандемијата ја нарече „светска војна“, во која не е можно да се победи без руските и кинеските вакцини.
Макрон го пофали американскиот претседател Џо Бајден за поништување на одлуката на неговиот претходник Доналд Трамп да ги повлече САД од Светската здравствена организација.