Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нафтената компанија „Макпетрол“ соопшти дека во првите девет месеци од годинава остварила добивка по оданочување од над 4,7 милиони евра (292 милиони денари), што претставува продолжување на одличните резултати на компанијата во 2016 година. Во исто време, „Макпетрол“ ја подобрил малопродажбата на енергенси за 10 проценти, а книговодствената вредност на акцијата е зголемена на 542 евра. Остварувањето на финансискиот план е надминато за 62 проценти.
Овие резултати се уште една потврда дека тврдењата на луѓето од „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ дека „Макпетрол“ е компанија-загубар, паѓаат во вода. Се покажува и колку нереална била понудата на „БПХЛ“ – сомнителната офшор-компанија годинава се обиде да го преземе контролниот пакет акции во Макпетрол за нешто помалку од 24 милиони евра, а нафтениот гигант прави добивка од пет милиони евра за помалку од една година!
Подобрената продажба на енергенси на мало годинава го зголеми и пазарниот удел на компанијата, а компанијата соопшти дека во 2016 година продала за 16.000 тони деривати повеќе отколку во истиот период лани. Во исто време, „Макпетрол“ ги намалил расходите од камати и од курсни разлики за 24 проценти, како резултат на задржувањето на трендот на намалување на кредитната задолженост спрема банките. Во овој период, компанијата имала зголемени приходи од вложувања, камати и од курсни разлики во однос на минатата година за 57 проценти, како и зголемени приходи од промет со останати стоки за 15 проценти и зголемена маржа од промет со стоките од 20 проценти, доминантно на бензинските станици. Трошоците за суровини и на други материјали се намалиле за 65 проценти.