Макпетрол предупредува: Наградата игра на Фејсбук од „Макпетрол Ултра“ е измама


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Злупотребувајќи го името и логото на Макпетрол, на Фејсбук се шири наградна игра од страна на страницата „Макпетрол Ултра“.

Од Макпетрол АД оопштуваат дека наградната игра воопшто не е во нивна организација и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Затоа, фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД, информираат од компанијата, од каде додаваат дека јавноста може да ги следи информациите на нивните официјални интернет канали, веб страните makpetrol.com.mk и verna.mk, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои потрошувачите ќе може да се информираат за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.