Макфакс: Нападната сопругата на Богојески, еден од реформаторите во ВМРО ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска попладне била нападната сопругата на еден од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојески.

Како што пренесува Макфакс, нападот се случил околу 16.30 часот на потегот од Народна Банка кон Стоковна куќа Мост, од страна на црн суперб со комплет затемнети стакла. Од МВР за Макфакс вечерва потврдиле дека е пријавен ваков случај во полициската станица Карпош.

На 19.07.2017 во 17.20 часот лицето К. Б. пријави дека во 16.35 низ централно градско подрачје додека се возела со своето ПМВ, од страна на непознато машко лице кое управувало ПМВ марка Шкода Супер со НН регистарски таблици во повеќе наврати пробувало да предизвика сообраќајна незгода. Пријавителката се обидела да побегне по што најблизу била до ПС Карпош таму е пријавен настанот.
По утврдување на идентитетот на возачот на ПМВ марка Шкода Ќе бидат преземени мерки согласно законите на РМ,соопштија од МВР.