Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на здружението на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков, реагира на тоа што во Протколот потпишан меѓу Македонија и Бугарија е предвиден реципроцитет за сите прашања, освен за македонското малцинство кое без никакви права опстојува на територијата на источниот сосед.
Тоа значи дека по воведувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Македонците во Бугарија ќе останат непризнаени од државата.
– Се чувствуваме традиционо предадени од македонската држава – вели Стојков во изјавата дадена за Плусинфо.
Тој вели дека се чиста глупост објаснувањата, дека реципроцитет за Македонците во Бугарија не е можен, бидејќи бугарскиот Устав не признава малцинства.
– Објаснувањата дадени зошто нашите права не се заштитени се чиста глупост. Што за идиотшина е тврдењето дека Турците се изјснувале за бугарски државјани, што општо има етничката самоопределба со државјанството? – прашува Стојков.
Тој прашува дали сепак можеше на некој начин да им биде помогнато на Македонците во Бугарија.
– И дури ако нема реципроцитет барем некаква заштита за нас нема ли, или пак за нас е нула и сме премолчени и предадени од македонска страна – додава Стојков.
Иако Протоколот потпишан во Софија сè уште не е објавен, министерот Бујар Османи уште вчера информираше дека реципроцитет не е предвиден за македонското малцинство во Бугарија.