Македонците пијат алкохол по најниски цени во Европа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Највисоки цени за алкохолни пијалаци во Европа палаќаат Исланѓаните, а најниски се цените во Република Македонија, покажуваат податоците на „Евростат“.

Во рамки на статистиката за цената на алкохолот, се истакнува дека истата ги опфаќа 28-те земји членки на ЕУ, три земји на ЕФТА (Исланд, Норвешка и Швајцарија), пет земји кандидатки (Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција), како и една потенцијална земја кандидатка (Босна и Херцеговина).

Во однос на земјите од Унијата, алкохолните пијалаци се најскапи во Финска, а најевтини се во Бугарија и Романија, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Според анализата на „Евростат“, просечната цена на алкохолните пијалаци во најскапите земји членки на ЕУ е двојно поголема од просечната цена на ниво на целата Унија, пренесува „Макфакс“.

Цената на алкохолните пијалаци на ниво на ЕУ минатата година била најниска во Бугарија и Романија, а потоа следат Унгарија, Чешка и Шпанија.

Низ цела Европа, вклучително и земјите кои не се членки на ЕУ, најниска цена на алкохолни пијалаци е забележана во Македонија и Босна и Херцеговина, додека за алкохол најскапо се плаќа во Исланд и Норвешка.