Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на македонска свадбена прослава во Канбера викендов, соседите повикале полиција поради гласната музика. Но, гостите ги фатиле на оро полициските службеници. Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Мацедониан”, заедно со појаснувањето за несекојдневната случка.
На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини и ригорозните мерки за заштита од вирусот, изминатиот период се олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.