Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот бран на пандемија од коронавирусот повторно го фрли на колена македонскиот здравствен систем.
Нема веќе слободни кревети ниту доволно кадар за прием на ковид пациенти во здравствените установи во внатрешноста. Во велешката болница за два дена е исполнето и дополнителното интерно одделение, откако на инфективниот оддел веќе се хоспитализирани 55 пациенти.
Менаџментот планира да го пренамени и просторот за физикална терапија, но незнаат кој ќе работи таму бидејќи има фали медицински персонал. За 70 со корона вирус како и останати болни кои лежат во болницата се грижат само 8 интернисти бидејќи двајца нивни колеги се позитивни на вирусот. Очекуваат помош од специјализантите што ги најавува Министерството за здравство кои ќе ги ангажираат за новите приеми.
Освен во Велес нема место и во модуларната болница до Инфективна и во ГОБ 8ми септември. Резервите ги троши и Институтот за ТБЦ па следни ковид центри ќе бидат Кожна клиника и неврологија.
-Следни се кожно и нервно каде ќе има 66 кревети за прием на ковид пациенти. Тие се одделени од амбулантите кои ќе продолжат со прегледите, секако со смалено темпо, но вакви специјалисти има во здравствените домови каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени услуги, изјави проф. Др. Дејан Докиќ, директор на Клиника за пулмологија.
И покрај алармантната состојба со болничките капациенти и недостигот на кадар, од Министерството за здравство тврдат дека ниту еден пациент нема да остане без здравствена нега. Најавуваат дека 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните установи и ќе бидат вклучени во системот на ротација на персоналот за згрижување на сите болни.