Македонското високо образование и понатаму во мрак – го нема на Шангајската листа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека околните балкански универзитети се вбројуваат во горната 500-ка од вкупно 1.000 рангирани високообразовни светски институции, нашите универзитети и понатаму се во „црна дупка“ кога станува збор за Шангајската листа.

Нема напредок во квалитетот на високото образование во Македонија. И годинава ниту еден од домашните универзитети не се најде на престижната Шангајската листа . Меѓу првите 500 од вкупон 1000 место најдоа и универзитети од регионот, Белградскиот , Атинскиот, Љубљанскиот, Солунскиот и Атинскиот технички универзитет. Рангирањето секоја година го прави Универзитетот Циао Тонг од Шангај и оваа листа е една од највлијателните во светот. За да се биде во топ листата, потребна е поголема научно-истражувака дејност , професори кои предаваат во странство, нобеловци кои кај нас ги нема, пренесува Сител.

Од министерството за образование велат владата започналe крупни реформи во високото образование кои треба да донесат позитивни резултати на среден или долг рок.

– Меѓу првите новини кои беа воведени е ново усвоениот закон за високо образование, изготвен со оние за кои се однесува и кој, треба да понуди поголема државна поддршка за високо образовните установи, но и нивна поголема автономија, поголема слобода во изразувањето и работата што претставува и мотив за дополнителен ангажман на професорската и научна фела, а во насока на постигнување повисок раст од квалитативен аспект и стекнување на поголема регионална, па и глобална препознатливост на универзитетите.

Од ресорното министерство уверуваат дека сето ова ќе ги донесе македонските универзитети до подобри места и ќе ги приближи барем до оние од регионот кои се наоѓаат меѓу најдобрите 500.

Инаку на Шангајската листа веќе 16 години по ред на прво место е Универзитетот Харвард на второ Стенфорд од САД а на третото британскиот универзитет Кембриџ.