Македонското собрание се распушта на 11 февруари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Собранието на Македонија официјално ќе се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.

Џафери денеска на средба со новинарите рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието.

Избрите ќе се одржат според досегашниот изборен модел.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.