Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По денеска одржаниот состанок во Министерството за надворешни работи на тема Русија, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.
Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле устен демарш на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија.
Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.