Македонското МНР: Бугарија да се огради и да ги осуди иредентистичките изјави на Костадинов од Преродба


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во вербалната нота која македонското Министерство за надворешни работи ја упати до официјална Софија преку бугарската амбасада во Скопје се вели: Изразуваме крајно незадоволство од содржината на изјавата на пратеникот и лидер на политичката партија Воздраждане (Преродба) Костадин Костадинов во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Македонија.

„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, се вели во нотата на македонското Министерство за надворешни работи.

Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија само ги повтори програмските определби на неговата ултранационалистичка партија за анектирање на територијата на Македонија во една бугарска држава. Оваа партија со оваа програма без никакви проблеми и реакции настапи на последните избори во Бугарија.

Пред три дена МНР на Македонија упати нота и за иредентистичките и навредливи изјавите на европратеникот на Бугарока Ангел Џамбаски.