Home Шоубизнис Македонско дете: Мајкл Дамески го освојува светот со овој негов талент

Македонско дете: Мајкл Дамески го освојува светот со овој негов талент

Мајкл Дамески е 22-годишен, Македонец кој живеел во Австралија, а кој стигна до финалето во познатото америкаснко шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.

Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.

Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.

Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.

Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Денес, на твојот роденден… Андрија Милошевиќ објави слика со Реља: Како две капки вода

Синот на Андрија Милошевиќ ја има целата љубов и внимание од родителите. Синот на Андрија …