Македонските ученици четврти, ама одоздола, во рангирањето на ПИСА тестот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од глобалното рангирање на успехот на учениците по математика, читање и наука за 2015 година, за Програмата за меѓународно оценување на учениците, односно ПИСА.

7-12-pisa4

ПИСА е тест кој се спроведува на секои три години, а го мери знаењето на 15 годишните ученици во 72 земји. Во 2015 година, тестот го направија вкупно 540.000 ученици.

Наука

7-12-pisa1

Математика

7-12-pisa2

Читање

7-12-pisa3

Сингапур се најде на врвот на листата. Учениците од Сингапур добија многу повисоки поени од просекот на ОЕЦД.

Освен Сингапур, Канада, Естонија, Финска, Хонг Конг, Јапонија и Макао беа единствените места каде 4 од 5 15-годишни ученици го преминале основното ниво на стручност во областа на науката, читањето и математиката.

Нашата земја е рангирана меѓу последните земји, а позади нас се само Косово, Алжир и Доминиканската Република.