Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските пратеници и собранискиот спикер денес добија термин за вакцинација во А1 Арената Борис Трајковски. Тие се последни во т.н. критична инфраструктура што ја прими првата доза од руската вакцина Спутник, пренесува 360 Степени.
Иако првично добиле најава дека имунизацијата ќе се врши со вакцината фајзер, под притисок на јавноста здравствените власти одлучиле пратениците да не бидат привилегирани и да ја примат вакцината од московскиот институт „Гамалеја“. Дел од нив беа бесни на Филипче зошто ги ставил пред свршен чин без да им најави оти ќе има промена на планот за вакцинација.
„Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напишал дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот – не ќе одат на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација“, вели пратеникот Павле Трајанов.
Претседателот на Собранието, Џафери, вели оти сите пратеници добиле термин за вакцинација, но секој од нив доброволно ќе одлучи дали ќе ја прими вакцината. Џафери очекува Парламентот да се врати во полн состав до крајот на мај.
„Очекувам со завршувањето на процесот на вакцинација на пратениците и претходно започнатата имунизација на вработените во собраниските служби, да се нормализира работата на Собранието веќе од втората половина на мај и тоа да се врати во служба на граѓаните“, вели собранискиот спикер, Талат Џафери.