Македонските пливачи се вратија со 35 медали од Србија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изминатиот викенд нашите пливачи учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар „Лесковачки победник“ во Лесковац, Србија каде успеаа да се вратат со вкупно 35 медали ок кои 16 златни, 14 сребрени и 5 бронзени медали тоа:

– Јаневска Ана прво место водисциплините 50 метри слободно, 50 метри делфин и 100 метри делфин.

– Миа Блажевска Еминова прво место во дисциплините50 метри грбно, 50 метри делфин, 100 метри грбно, 100 метри делфин и второ место во дисциплините 50 метри слободно, 100 метри слободно.

– Ива Китановиќ прво место ви дисциплините 50 метри грбно, 100 метри слободно, 100 метри делфин и второ место во дисциплините 100 метри грбно 50 метри слободно и 50 метри делфин.

– Ивана Неделковска прво место во дициплините 50 метри слободно, 50 метри грбно, 100 метри грбно, второ место 50 метри грбно,и трето место во дисциплината 100 метри слободно.

– Јована Неделковска второ место во дисциплината 100 метри градно

– Ана Жабакова трето место во дисциплината 100 метри градно

– Сара Анастасова второ место во дисциплината 100 метри грбно

– Калина Кузмановска прво место во дисциплината 100 метри делфин

– Јован Јанковски прво место во дисциплината 100 метри делфин и второ место во дисциплините 50 метри слободно, 50 метри грбно, 50 метри делфин и 100 метри слободно.

– Никола Радески второ место во дисциплината 50 метри градно и трето место 100 метри градно

– Димитар Бошнаков прво место во дисциплината 100 метри грбно и второ место 50 метри грбно.

– Мартин Стефановски трето место во дисциплината 100 метри делфин.

– Ведран Андреев трето место во дисциплината 100 метри делфин.