Македонските музичари „на тапет“ поради најавеното учество на владините „НАТО журки“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После официјализираната покана на Македонија за членство во НАТО (условена-неусловена, тоа е друго прашање), Владата на Република Македонија веднаш реши популистички да поентира со таа ситуација и најави забави и концерти во 15 града во Македонија, истовремено, во чест на истата.

Журките се закажани за 14 јули, со почеток во 21 часот, а најавниот плакат кој го објави и сподели Владата ги запали социјалните мрежи на кои обожавателите распалија по бендовите и музичарите кои се најдоа на листата на задолжени музичари за забава на споменатите концерти. Реакциите преку кои се изразува незадоволство и револт од македонските музичари кои „решиле да слават“ се манифестираа во лавина статуси и коментари на социјалните мрежи, каде дел од обожавателите на македонската музика најавуваат и повикуваат на бојкот на ваквите концерти.

Сите незадоволства, различни мислења и ставови кои ни се случуваат на политички план се префрлаат на грб на музичарите кои прифатиле да настапат в сабота на 14 јули. Оправдано или не, останува секој да суди според својот став. Факт е дека в сабота ќе има журка во сите поголеми македонски градови.