Македонските каратисти во нов поход кон освојување на Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонската карате репрезентација од Агенцијата за млади и спорт го најави својот настап на Европското карате првенство, кое од 28-31 март ќе се одржи во Гвадалахара, Шпанија.

На шампионатот ќе настапат 508 натпреварувачи од 50 европски земји.

Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ ќе настапат во кати, додека пак во борби списокот на натпреварувачи е пообемен, со оглед на тоа што освен во поединечна конкуренција, македонските репрезентативци ќе настапат и екипно.

Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, ќе ги придружат каратистите од машкиот тим.

На листата репрезентативци се нашите најтрофејни натпреварувачи предводени од актуелниот европски шампион и најдобар спортист на Македонија за 2018 година Емил Павлов, Медитеранскиот шампион Берат Јакупи и освојувачот на бронзен медал на медитеранските игри Жарко Арсовски.

Покрај нив се и Азис Исмаил, Петар Спасеновски и Доан Османи, како и најмладиот Фахик Весели, освојувачот на бронзениот медал на Младинските олимписки игри минатата година.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт им посака на каратистите успешен настап на претстојното првенство со надеж за освојување што поголем број на одличја, и претставување на нашата држава во вистинско светло.