Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските репрезентативци кои настапуваат во странство не ја забораваат својата и покажаа голема хуманост во овие тешки денови.
„Иако сме далеку физички, ние сме со цело срце и душа со нашиот народ. Денес дониравме одредена количина ЛЗО за медицискиот персонал во ГОБ 8 Септември и КИФБ Скопје.
Дониравме одредени количини
– Маски КН95
– скафандери
– Капи
– средства за дезинфекција на раце и површини
– ракавици
– гелови
– хируршки маски
– заштитни визири
Ви Благорариме што се грижите за нашите сограѓани, не штедејќи се себе во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојбва да донираат, да го направат тоа сега кога е најпотребно.
Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал
(Се гледаме на стадион)“, напишаа Пандев и Несторовски на социјалните мрежи.
Во оваа акција се вклучени уште Кире Ристевски, Игор Ангеловски, Даре Велковски, Бобан Николов, Џани Алиоски, Александар Трајковски и други.