Македонските хакери порачаа: „Извршители – убијци – вие сте на ред“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден ден после хакирањето на веб страниците на Министерството за здравство и на Министерството за образование, македонските хакери „АнонОпсМКД“ преку Твитер соопштија дека следна цел за напад им се извршителите.

„Извршители – убијци – вие сте на ред, спремете се“, пишуваат хакерите на Твитер.

Тие исто така напишаа дека во ниту еден момент не го загрозиле серверот на Министерството за здравство, туку, како што објаснуваат, направиле екстракт на електронската пошта.

„Сајтовите и серверот за е-пошта се изгасени од страна на шалабајзерите кои се систем-админи во тие министерства“, пишуваат хакерите.